Дела 3:23-26 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

23. И секој што не ќе Го послуша тој Пророк, ќе биде истребен од народот.

24. А сите пророци што пророкуваа, од Самоил, па и оние по нив, го навестуваа исто така и ова време.

25. Вие сте синови на пророците и на заветот што Бог го беше направил со вашите предци, велејќи му на Авраам: ‚И во потомството твое ќе бидат бла­гословени сите народи на земјата.‘

26. Бог, откако Го воздигна Својот Слуга, најнапред вам ви Го прати за да ве благослови, та секој од вас да се од­врати од својата злоба.“

Дела 3