1. Еден ден Петар и Јован заедно отидоа во храмот во деветтиот час, часот за молитва.
2. Таму имаше еден човек, сакат уште од раѓање. Него го носеа секој ден и го поставуваа пред портата на храмот наречена Красна, за да проси милостина од оние што влегуваа во храмот.
3. Тој, кога ги здогледа Петар и Јован кои сакаа да влезат во храмот, запроси милостина и од нив.