8. А таткото на Поплиј се разболе и лежеше, страдајќи од треска и болки во стомакот. Павле влезе кај него, се помоли и, положувајќи ги рацете свои врз него, го исцели.
9. Тогаш, и другите од островот, што страдаа од болести, доаѓаа и се исцелуваа.
10. Тие нѐ почитуваа многу и нѐ удостоија со големи почести, а пред заминување нѐ снабдија со сите потребни работи.
11. По три месеци отпловивме со еден александриски кораб, што беше презимил на тој остров и носеше знак Диоскури.
12. И стигнавме во Сиракуза, каде што останавме три дена.
13. Оттаму отпловивме и пристигнавме во Ригија; а по еден ден дувна југот и на идниот ден стасавме во Потиоли;
14. таму најдовме браќа, по чија молба кај нив останавме седум дена. И потоа тргнавме за Рим.
15. Тамошните браќа, штом чуја за нас, излегоа да нѐ пресретнат до Апиевиот плоштад и до Трите крчми. Кога ги виде Павле, Му заблагодари на Бога и се ободри.