1. Кога беше одлучено да отпловиме за Италија, Павле и неколку други затвореници ги предадоа на еден стотник, по име Јулиј, од царската чета.
2. Се качивме на еден адрамитски кораб, кој требаше да плови покрај азиските места, и така отпловивме. Со нас беше Аристарх, Македонец од Солун.
3. На другиот ден стигнавме во Сидон. И Јулиј, кој постапуваше со Павле човекољубиво, му дозволи да појде до пријателите свои, за да се погрижат за него.
4. Кога тргнавме оттаму, пловевме во заветрината на Кипар, бидејќи ветровите дуваа спротивно,
5. и, откако го препловивме морето покрај Киликија и Памфилија, стигнавме до Мира Ликиска.