Дела 26:2-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

2. „Радосен сум, царе Агрипа, што денес пред тебе ќе можам да се бранам за сѐ што ме обвинуваат Јудејците,

3. дотолку повеќе, што ти ги познаваш јудејските обичаи и препирки; па затоа, те молам, да ме ислушаш милостиво.

4. Мојот живот од раната младост, што го поминав најнапред меѓу својот народ во Ерусалим, познат им е на сите Јудејци;

5. тие одамна ме знаат, – ако сакаат не­ка сведочат, – дека јас, како фарисеј, најстрого живеев по учењето на нашата вера;

6. а сега стојам пред суд поради на­деж­та во ветувањето дадено од Бога на тат­ковците наши,

7. кое нашите дванаесет колена се на­деваат дека ќе го постигнат, служејќи Му на Бога постојано дење и ноќе. За таа надеж, царе Агрипа, ме обвинуваат Јудејците.

8. Што? Зарем вие мислите дека не може да се верува дека Бог воскреснува мртви?

9. Навистина, така и јас мислев дека треба да извршам многу работи против името на Исус од Назарет;

10. така и направив во Ерусалим и, откако добив власт од прво­свеш­те­ни­ци­те, многу светии затворив, а кога ги убиваа, и јас одобрував,

11. и често ги мачев по сите синагоги и ги принудував да хулат на Исус и, разјарен, без мерка ги гонев нив дури и до туѓите градови.

12. За таа цел одејќи во Дамаск, со власт и порака од првосвештениците,

13. среде бел ден, царе, на патот видов светлина, посилна од сончевата светлина, која ме огреа од небото мене и оние, што одеа со мене.

14. Сите паднавме на земја, и јас чув глас, што ми зборуваше на еврејски ја­зик: ‚Савле, Савле, зошто Ме гониш? Тешко е за тебе да се риташ против бо­ди­л.‘

Дела 26