Дела 26:10-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

10. така и направив во Ерусалим и, откако добив власт од прво­свеш­те­ни­ци­те, многу светии затворив, а кога ги убиваа, и јас одобрував,

11. и често ги мачев по сите синагоги и ги принудував да хулат на Исус и, разјарен, без мерка ги гонев нив дури и до туѓите градови.

12. За таа цел одејќи во Дамаск, со власт и порака од првосвештениците,

13. среде бел ден, царе, на патот видов светлина, посилна од сончевата светлина, која ме огреа од небото мене и оние, што одеа со мене.

14. Сите паднавме на земја, и јас чув глас, што ми зборуваше на еврејски ја­зик: ‚Савле, Савле, зошто Ме гониш? Тешко е за тебе да се риташ против бо­ди­л.‘

15. А јас реков: ‚Кој си ти, Господи?‘ Тој одговори: ‚Јас сум Исус, Кого Го гониш ти.

16. Но стани и исправи се на нозете свои; затоа и ти се јавив, да те направам служител и сведок на ова што го виде и што ќе ти откријам,

17. издвојувајќи те од овој народ и од незнабошците, кај кои ќе те испратам сега,

18. за да им ги отвориш очите нивни, та да се обратат од темнината во светлина и од власта на сатаната кон Бога, па преку верата во Мене да примат простување на гревовите и наследство меѓу осветените.‘

19. Затоа, царе Агрипа, јас не се противев на небесното видение,

20. но најнапред на жителите во Да­маск и Ерусалим, а потоа по целата Ју­дејска земја и на незнабошците им про­поведав да се покаат и да се обратат кон Бога, правејќи дела достојни за покаја­ние.

Дела 26