Дела 25:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. А Фест, откако по три дена при­ми власт, излезе од Кесарија и дојде во Ерусалим.

2. Тогаш првосвештеникот и стареши­ните јудејски му се пожалија против Павле, и го молеа,

3. барајќи милост за себе против него, да го прати во Ерусалим, и редеа заседа за да го убијат патем.

4. Но Фест одговори дека Павле се чу­ва под стража во Кесарија, а и дека тој сам скоро ќе отпатува таму.

5. „Кои, пак, од вас, можат, нека дојдат со мене, и ако има некаква вина на овој човек, тогаш нека го обвинат.“

6. И откако беше кај нив, не повеќе од десет дена, слезе во Кесарија, и утредента седна на судскиот стол и заповеда да го доведат Павле.

Дела 25