Дела 24:12-26 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

12. Но не ме најдоа ниту во храмот не­кому да зборувам, или бунт да кревам меѓу народот, ни по синагогите, ниту, пак, во градот.

13. Ниту, пак, тие можат да го докажат она што сега ти зборуваат за мене.

14. Но ти признавам дека според уче­њето, кое тие го нарекуваат ерес, Му служам на Бога на нашите татковци, дека верувам во сѐ што е напишано во Законот и во Пророците,

15. дека се надевам на Бога, дека ќе има воскресение на мртвите, на праведните и на неправедните, кое и тие сами го очекуваат.

16. А затоа и сам се трудам секогаш да имам чиста совест пред Бога и пред луѓето.

17. По многу години дојдов да му донесам на мојот народ милостина и прино­си.

18. Тогаш, кога се бев очистил, ме најдоа во храмот, ни со народ, ниту со не­мир,

19. некои азиски Јудејци, кои требаше да се претстават пред тебе и да ме обви­нат, ако имаат нешто против мене.

20. Или, пак, тие сами да кажат дали во мене нашле некаква неправда, кога се бев јавил пред Синедрионот, –

21. освен само овие зборови, кои, заста­нат пред нив, гласно ги изговорив: ‚За­ради воскресението на мртвите ме су­ди­те вие денес.‘“

22. Кога го слушна тоа Феликс, тој го одложи делото, бидејќи добро знаеше за тоа учење, и рече: „Ќе го разгледам де­лото кога ќе дојде заповедникот Лисиј.“

23. И му заповеда на стотникот да го пази Павле, но да му дава извесна слобода, и да не запира никого од неговите блиски да му служат, или да доаѓаат кај него.

24. По неколку дена дојде Феликс со жената своја Друзила која беше Јудејка, па го повика Павле и слушаше од него за верата во Христос Исус.

25. А кога Павле зборуваше за правда, за воздржување и за идниот суд, Феликс се уплаши и одговори: „Сега оди си, а кога ќе најдам време, ќе те повикам.“

26. При ова се надеваше дека Павле ќе му даде пари за да го пушти; затоа чес­то го повикуваше и разговараше со не­го.

Дела 24