Дела 23:33-35 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

33. Оние што влегоа во Кесарија и му го предадоа писмото на намесникот, му го претставија и Павле.

34. Намесникот го прочита писмото и праша од кој крај е тој, и откако разбра дека е од Киликија, рече:

35. „Ќе те сослушам, кога ќе дојдат и твоите обвинители.“ И заповеда да го држат под стража во дворот Иродов.

Дела 23