22. Тогаш заповедникот го испрати момчето и му порача: „Никому не кажувај дека си ми го кажал ова!“
23. Потоа повика двајца стотници и рече: „Пригответе ми двесте војници, седумдесет коњаници и двесте стрелци, за да тргнат за Кесарија во третиот час ноќеска;
24. и пригответе добици, за да го качат Павле и да го одведат до намесникот Феликс!“
25. Напиша и писмо со оваа содржина:
26. „Клавдиј Лисиј испраќа поздрав до многупочитуваниот намесник Феликс.
27. Овој човек беа го фатиле Јудејците и сакаа да го убијат; јас се појавив со војска и го одзедов, бидејќи разбрав дека е римски граѓанин.
28. И сакајќи да ја дознаам причината, поради која го обвинуваат, го изведов пред нивниот Синедрион,
29. и дознав дека го обвинуваат по прашање од нивниот Закон, но дека нема никаква вина, поради која би заслужил смрт или окови.
30. И бидејќи ми беше соопштено дека Јудејците намислиле лошо против тој човек, јас го пратив веднаш кај тебе, откако им порачав и на обвинителите да кажат пред тебе што имаат против него. Биди здрав!“