Дела 23:11-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

11. Ноќта му се јави Господ и му рече: „Не плаши се, Павле! И како што све­дочеше за Мене во Ерусалим, така ќе треба да сведочиш и во Рим.“

12. А кога осамна, некои од Јудејците се договорија, се заколнаа со заклетва и си рекоа да не јадат, ниту да пијат додека не го убијат Павле.

13. Имаше повеќе од четириесет мажи што дадоа таква заклетва.

14. Па отидоа кај првосвештениците и старешините и рекоа: „Клетва си кла­довме ништо да не каснеме додека не го убиеме Павле.

15. Затоа вие од Синедрионот сооп­ште­те му сега на заповедникот да го доведе утре долу пред нас, небаре ќе сакате по­точно да го разгледате неговото дело; а ние, пред да наближи, ќе бидеме готови да го убиеме.“

16. Кога слушна за заседата синот на Павловата сестра, отиде, влезе во тврдината и му кажа на Павле.

17. А Павле повика еден стотник и му рече: „Одведи го ова момче кај заповедникот, зашто има нешто да му каже.“

18. И тој го зеде, го одведе кај заповедникот и рече: „Затвореникот Павле ме повика и замоли ова момче да го дове­дам кај тебе, зашто имало нешто да ти каже.“

19. Заповедникот го фати за рака, застана со него на страна и го праша: „Што имаш да ми кажеш?“

20. А тоа рече: „Јудејците се договорија да те молат да го одведеш утре Павле долу пред Синедрионот, небаре ќе са­ка­ат поточно да го испитуваат нешто во врска со неговото дело.

Дела 23