10. И бидејќи настана голема мешаница, заповедникот, уплашен да не го растргнат Павле, им заповеда на војниците да слезат и да го грабнат од нив и да го одведат во тврдината.
11. Ноќта му се јави Господ и му рече: „Не плаши се, Павле! И како што сведочеше за Мене во Ерусалим, така ќе треба да сведочиш и во Рим.“
12. А кога осамна, некои од Јудејците се договорија, се заколнаа со заклетва и си рекоа да не јадат, ниту да пијат додека не го убијат Павле.
13. Имаше повеќе од четириесет мажи што дадоа таква заклетва.
14. Па отидоа кај првосвештениците и старешините и рекоа: „Клетва си кладовме ништо да не каснеме додека не го убиеме Павле.
15. Затоа вие од Синедрионот соопштете му сега на заповедникот да го доведе утре долу пред нас, небаре ќе сакате поточно да го разгледате неговото дело; а ние, пред да наближи, ќе бидеме готови да го убиеме.“
16. Кога слушна за заседата синот на Павловата сестра, отиде, влезе во тврдината и му кажа на Павле.
17. А Павле повика еден стотник и му рече: „Одведи го ова момче кај заповедникот, зашто има нешто да му каже.“
18. И тој го зеде, го одведе кај заповедникот и рече: „Затвореникот Павле ме повика и замоли ова момче да го доведам кај тебе, зашто имало нешто да ти каже.“
19. Заповедникот го фати за рака, застана со него на страна и го праша: „Што имаш да ми кажеш?“
20. А тоа рече: „Јудејците се договорија да те молат да го одведеш утре Павле долу пред Синедрионот, небаре ќе сакаат поточно да го испитуваат нешто во врска со неговото дело.
21. Но ти не им верувај, зашто ќе го чекаат четириесет, а и повеќе од четириесет нивни луѓе, што се заколнале да не јадат, ниту да пијат, сѐ додека не го убијат; и сега се веќе готови, чекаат само да им ветиш.“
22. Тогаш заповедникот го испрати момчето и му порача: „Никому не кажувај дека си ми го кажал ова!“
23. Потоа повика двајца стотници и рече: „Пригответе ми двесте војници, седумдесет коњаници и двесте стрелци, за да тргнат за Кесарија во третиот час ноќеска;
24. и пригответе добици, за да го качат Павле и да го одведат до намесникот Феликс!“
25. Напиша и писмо со оваа содржина:
26. „Клавдиј Лисиј испраќа поздрав до многупочитуваниот намесник Феликс.