Дела 21:8-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

8. Утредента, Павле и ние кои бевме со него, отпатувавме и дојдовме во Кеса­рија. Таму влеговме во куќата на Филип благовесникот, кој беше еден од седуммината ѓакони, и останавме кај него.

9. Тој имаше четири ќерки девици, кои пророкуваа.

10. Ние престојувавме кај нив многу дни. Тогаш од Јудеја слезе еден пророк, по име Агав;

11. и кога дојде кај нас, го зеде Пав­ло­виот појас, па ги врза рацете свои и но­зете и рече: „Тоа го вели Духот Свети; така ќе го врзат Јудејците во Ерусалим оној маж, на кого што му припаѓа овој појас, и ќе го предадат во рацете на нез­набошците.“

12. Штом го чувме тоа, и ние и та­мош­ните го молевме да не се качува во Еру­салим.

13. Но Павле одговори: „Што правите, та плачете и го нажалувате срцето мое? Јас сум готов не само да бидам врзан, туку и да умрам во Ерусалим за името на Господ Исус.“

14. А бидејќи тој не се премисли, ние замолкнавме и рековме: „Нека биде волјата Господова!“

15. Откако изминаа деновите се подготвивме за пат и се искачивме во Еру­салим.

Дела 21