Дела 21:32-40 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

32. А тој веднаш зеде војници и офисе­ри и се спушти кон нив; тие, кога ги ви­доа заповедникот и војниците, преста­наа да го тепаат Павле.

33. Тогаш заповедникот се приближи, го фати и заповеда да го врзат со двојни ланци, па праша: кој е тој и што направил?

34. Од народот едни викаа едно, други – друго. А тој не можејќи да ја дознае вистината поради силната врева, запо­веда да го одведат во тврдината.

35. А кога стигнаа до скалите, вој­ници­те требаше да го носат, поради насилие­то од народот;

36. бидејќи многу народ ги следеше и викаше: „Погуби го!“

37. Кога сакаа да го воведат во тврдината, Павле му рече на заповедникот: „Можам ли да ти кажам нешто?“ А тој рече: „Зарем знаеш грчки?

38. Не си ли ти оној Египќанин, кој пред неколку дни крена бунт и одведе во пустина четири илјади мажи разбој­ници?“

39. А Павле одговори: „Јас сум Јудеец од Тарс, граѓанин на тој мошне познат град; те молам, дозволи да му проговорам на народот.“

40. А кога заповедникот го допушти тоа, Павле застана на стапалата, му мавна со рака на народот, и, откако настана длабока тишина, почна да зборува на еврејски, велејќи го следново:

Дела 21