Дела 21:15-31 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

15. Откако изминаа деновите се подготвивме за пат и се искачивме во Еру­салим.

16. Со нас дојдоа и некои ученици од Кесарија, кои нѐ одведоа кај некој си Мнасон, од Кипар, ученик од самиот почеток. Кај него требаше да престојуваме на гости.

17. Кога пристигнавме во Ерусалим, браќата нѐ примија со радост.

18. На вториот ден Павле влезе со нас кај Јаков; дојдоа и сите старешини.

19. И откако ги поздрави, Павле им раскажа сѐ по ред што направил Бог меѓу незнабошците преку неговата служба.

20. А тие, кога слушнаа, Го славеа Бога и му рекоа: „Гледаш, брате, колку де­се­тици илјади Јудејци поверуваа, и сите тие станаа ревносни приврзаници на За­конот.

21. А за тебе многу им е зборувано дека ги учиш сите Јудејци, кои се меѓу незнабошците, да отстапуваат од Мој­сеј, велејќи им да не ги обрезуваат чеда­та свои, и да не постапуваат по оби­ча­ите.

22. И што да се прави сега? Бездруго ќе дојде многу народ, зашто ќе слушнат дека си дошол.

23. Направи, пак, што ти велиме: кај нас има четворица мажи, кои се под завет.

24. Земи ги, очисти се со нив и плати им да си ги истрижат главите, и сите да разберат дека она што го слушнале за тебе, не е ништо, туку дека и ти сам жи­вееш според Законот и го пазиш.

25. А за незнабошците што поверуваа ние пишавме, откако решивме, да не па­зат ништо такво, туку само да се воз­др­жуваат од идолски жртви, од крв, од удавено и од блудство.“

26. Тогаш Павле ги зеде тие луѓе, и, от­како се очисти со нив, на вториот ден влезе во храмот и го објави денот, во кој се навршуваат деновите на очистувањето и во кој ќе се принесе жртва за секого од нив.

27. А кога требаше да се свршат се­дум­те дена, азиските Јудејци, штом го ви­доа во храмот го побунија целиот народ и ставија раце на него,

28. викајќи: „Луѓе Израилци, помог­не­те! Овој човек насекаде учи против на­ро­дот, против Законот, против ова мес­то; а освен тоа уште и Елини воведе во храмот, та го оскверни ова свето мес­то.“

29. Бидејќи пред тоа во градот го беа виделе со ефесјанецот Трофим и мислеа дека Павле го вовел во храмот.

30. Целиот град се раздвижи, и народот се насобра. И кога го фатија Павле, го извлекоа надвор од храмот; и веднаш вратата беше затворена.

31. И кога сакаа да го убијат, пристигна вест до заповедникот на четата дека цел Ерусалим се побунил.

Дела 21