Дела 21:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. И штотуку се одделивме од нив отпловивме. Пловејќи стигнав­ме право во Кос, а на вториот ден во Ро­дос, и оттаму во Патара.

2. Таму откако најдовме кораб, кој заминуваше за Феникија, се качивме и отпловивме.

3. Штом го наѕревме Кипар и го оставивме одлево, запловивме кон Сирија. Се симнавме во Тир, зашто таму тре­ба­ше коработ да се растовари.

4. И кога ги најдовме учениците, таму останавме седум дена. Тие, поттикнати од Духот, му велеа на Павле да не вле­гува во Ерусалим.

Дела 21