Дела 20:3-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

3. таму остана три месеци. И бидејќи Јудејците направија заговор против него, кога сакаше да отплови за Сирија, тој реши да се врати преку Македонија.

4. До Азија го придружуваше Сосипа­тар Пиров од Верија а од солунјаните Аристарх и Секунд, Гај од Дерва и Ти­мотеј, и азијците Тихик и Трофим.

5. Тие отидоа порано и нѐ чекаа во Троада.

6. А ние отпловивме од Филипи по дните на Бесквасници и за пет дена пристигнавме во Троада кај нив, каде што поминавме седум дена.

7. И во првиот ден на седмицата, кога се собравме да прекршиме леб, Павле, бидејќи на другиот ден сакаше да тргне, расправаше со нив и го продолжи сло­вото до полноќ.

8. Во горната одаја, каде што се бевме собрале, имаше доста светилки.

9. А едно момче, по име Евтих, седеше на еден прозорес, и, совладано од дла­бок сон, додека Павле зборуваше многу, се помрдна во сонот и падна од третиот кат, и го дигнаа мртво.

10. Павле, пак, штом слезе, се спушти врз него, го прегрна и рече: „Не созда­вајте немир, зашто душата негова уште е во него!“

11. А потоа, откако се качи горе, пре­крши леб, го проба и зборуваше долго, дури до зори, а потоа отпатува.

12. Тогаш го доведоа момчето живо и тоа многу ги утеши.

13. Ние отидовме порано со кораб и от­пловивме во Асос, од каде што имав­ме намера да го земеме Павле, зашто са­ка­ше таму да патува пеш. Така ни бе­ше порачал.

14. Кога се сретна со нас во Асос, го зе­довме во коработ и дојдовме во Мити­лина.

15. А кога отпловивме оттаму, на вториот ден застанавме спроти Хиос, а следниот ден стигнавме во Самос и, откако престојувавме во Трогилија, на вториот ден дојдовме во Милит.

16. Во тоа време Павле реши да по­ми­не покрај Ефес, та да не се задржи мно­гу во Азија, зашто се брзаше да биде во Ерусалим на денот на Педесетница.

Дела 20