29. Бидејќи знам дека по моето заминување ќе се втурнат меѓу вас лути волци, кои нема да го штедат стадото;
30. а и од вас самите ќе произлезат луѓе, што ќе зборуваат искривено, за да ги одвлечат учениците заедно со себе.
31. Затоа бидете будни и помнете дека цели три години дење и ноќе не престанував со солзи да поучувам секого од вас.
32. А сега, браќа, ве предавам на Бога и на словото од Неговата благодат; Тој може да ве унапреди подобро и да ви даде наследство меѓу сите посветени.
33. Од никого не побарав ни сребро, ни злато, ниту, пак, облека;
34. сами знаете дека за потребите мои и на оние што беа со мене, ми послужија овие мои раце.