20. дека не пропуштив да ви соопштам ништо од она што е полезно и да ве поучувам на јавни места и по куќите,
21. сведочејќи им сериозно и на Јудејците и на Елините за покајание пред Бога и вера во нашиот Господ Исус Христос.
22. И ете, сега, поттикнат од Духот, одам во Ерусалим, не знаејќи на што ќе наидам таму,
23. освен за она, кое Духот Свети го посведочи по сите градови, велејќи дека ме чекаат окови и маки.
24. Но јас не се грижам за ништо, ниту, пак, ми е мил животот, доволно е само да стигнам до крајот на патот и службата што ја примив од Господ Исус, да го посведочам Евангелието на Божјата благодат.
25. И сега, ете, јас знам дека нема веќе да го видите лицето мое сите вие, меѓу кои одев и го проповедав царството Божјо.