6. Кога се создаде тој екот, народот кој се насобра многу се збуни, бидејќи секој ги слушаше како зборуваат на неговиот сопствен јазик.
7. И сите вџашени и восхитени, говореа: „Овие што зборуваат, зар не се сите Галилејци?
8. Па како тогаш слушаме како секој од нив зборува на нашиот мајчин јазик?
9. Парти, Мидијци, Еламити и жителите од Месопотамија, Јудеја и Кападокија, од Понт и Азија,
10. Фригија, Памфилија, од Египет и од краиштата на Либија покрај Киринеја, па и привремено дојдените Римјани.
11. Како ние Јудејците, така исто и придојдените, Критјани и Арапи, еве слушаме како тие зборуваат за големите дела Божји на нашите јазици?“
12. Сите се чудеа и во недоумение си зборуваа еден со друг: „Што ли ќе биде ова?“