Дела 2:5-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

5. Тогаш во Ерусалим имаше Јудејци, побожни луѓе, од секој народ под не­бото.

6. Кога се создаде тој екот, народот кој се насобра многу се збуни, бидејќи секој ги слушаше како зборуваат на неговиот сопствен јазик.

7. И сите вџашени и восхитени, гово­реа: „Овие што зборуваат, зар не се сите Галилејци?

8. Па како тогаш слушаме како секој од нив зборува на нашиот мајчин јазик?

Дела 2