42. И беа истрајни во учењето на апостолите, во заедничкиот живот, во прекршувањето на лебот и во молитвите.
43. И страв ја обзеде секоја душа, зашто многу чудеса и знаци се вршеа преку апостолите.
44. А сите што веруваа, беа заедно и сѐ им беше заедничко;
45. продаваа имоти и сопствености и на секого му раздаваа колку што му беше потребно.
46. И секој ден еднодушно престојуваа во храмот и, прекршувајќи леб по куќите, се хранеа со радост и со чисто срце.
47. Го фалеа Бога и стекнуваа благонаклонетост кај сите луѓе. А Господ секој ден ги придодаваше спасените кон нивното мноштво.