Дела 2:36-47 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

36. И затоа, нека знае со сигурност си­от Израилев дом дека Оној Исус, Кого вие Го распнавте, Бог Го направи Гос­под и Христос.“

37. Кога го слушнаа тоа, им се растре­перија срцата, и му рекоа на Петар и на другите апостоли: „Луѓе браќа, што да правиме?“

38. А Петар им рече: „Покајте се и се­кој од вас да се крсти во името на Исус Христос за простување на гревовите; и тогаш ќе примите дар од Светиот Дух.

39. Зашто вам ви припаѓа она ветување и на вашите деца и на сите што се да­ле­ку, што ќе ги повика Господ, нашиот Бог.“

40. И со многу други зборови све­до­че­ше и ги молеше, велејќи: „Спасувајте се од овој пакостен род!“

41. И така оние што од срце ги примија неговите зборови, се крстија и се при­соединија во тој ден околу три илјади души.

42. И беа истрајни во учењето на апос­то­лите, во заедничкиот живот, во пре­кршувањето на лебот и во молитвите.

43. И страв ја обзеде секоја душа, заш­то многу чудеса и знаци се вршеа преку апостолите.

44. А сите што веруваа, беа заедно и сѐ им беше заедничко;

45. продаваа имоти и сопствености и на секого му раздаваа колку што му беше потребно.

46. И секој ден еднодушно престојуваа во храмот и, прекршувајќи леб по ку­ќи­те, се хранеа со радост и со чисто срце.

47. Го фалеа Бога и стекнуваа благо­нак­лонетост кај сите луѓе. А Господ се­кој ден ги придодаваше спасените кон нивното мноштво.

Дела 2