Дела 2:30-44 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

30. Па, бидејќи беше пророк и знаејќи дека Бог му беше ветил со заклетва де­ка ќе Го подигне Христос од плодот на не­го­вите бедра на престолот Свој,

31. предвиде и кажа за воскресението на Христос дека нема да биде оставен во Адот и дека телото Негово нема да види распаѓање.

32. Овој Исус Го воскресна Бог. За тоа сме ние сите сведоци.

33. И затоа, Тој, откако беше воздигнат со десницата Божја и Го прими од Отецот ветувањето на Светиот Дух сега Го излеа. Тоа е она што го гледате сега вие и го слушате.

34. Зашто Давид не отиде на небесата, но самиот кажа: ‚Му рече Господ на мојот Господ: Седни од Мојата десна страна,

35. додека не ги поставам неприја­те­ли­те Твои во подножјето на нозете Твои.‘

36. И затоа, нека знае со сигурност си­от Израилев дом дека Оној Исус, Кого вие Го распнавте, Бог Го направи Гос­под и Христос.“

37. Кога го слушнаа тоа, им се растре­перија срцата, и му рекоа на Петар и на другите апостоли: „Луѓе браќа, што да правиме?“

38. А Петар им рече: „Покајте се и се­кој од вас да се крсти во името на Исус Христос за простување на гревовите; и тогаш ќе примите дар од Светиот Дух.

39. Зашто вам ви припаѓа она ветување и на вашите деца и на сите што се да­ле­ку, што ќе ги повика Господ, нашиот Бог.“

40. И со многу други зборови све­до­че­ше и ги молеше, велејќи: „Спасувајте се од овој пакостен род!“

41. И така оние што од срце ги примија неговите зборови, се крстија и се при­соединија во тој ден околу три илјади души.

42. И беа истрајни во учењето на апос­то­лите, во заедничкиот живот, во пре­кршувањето на лебот и во молитвите.

43. И страв ја обзеде секоја душа, заш­то многу чудеса и знаци се вршеа преку апостолите.

44. А сите што веруваа, беа заедно и сѐ им беше заедничко;

Дела 2