23. предаден по определениот Божји план и предзнаење, вие Го фативте, Го распнавте со рацете на беззакониците и Го убивте.
24. Но Бог Го воскресна, откако Го ослободи од смртните маки, бидејќи смртта немаше сила да Го задржи.
25. Зашто Давид за Него вели: ‚Секогаш Го гледав Господа пред себе. Тој е од мојата десна страна, за да не се поместам.
26. Затоа се развесели срцето мое и се возрадува јазикот мој; а уште и телото мое ќе почива во надеж;
27. зашто Ти нема да ја оставиш душата моја во Адот, ниту, пак, ќе дозволиш Твојот праведник да види распаѓање.
28. Ти си ми ги покажал патиштата на животот; Ти ќе ме исполниш со радост преку лицето Свое.‘
29. Мажи браќа, нека ми е дозволено да ви зборувам слободно за прататкото Давид, дека тој умре и беше погребан, а гробот негов е меѓу нас сѐ до денешниов ден.
30. Па, бидејќи беше пророк и знаејќи дека Бог му беше ветил со заклетва дека ќе Го подигне Христос од плодот на неговите бедра на престолот Свој,
31. предвиде и кажа за воскресението на Христос дека нема да биде оставен во Адот и дека телото Негово нема да види распаѓање.