Дела 2:17-30 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

17. ‚И ете во последните дни, рече Бог, ќе излеам од Мојот Дух на секое тело и ќе пророкуваат синовите ваши и ќер­ки­те ваши, и младичите ваши ќе имаат ви­денија и старците ваши ќе сонуваат со­ништа.

18. И во тие дни, врз слугите Мои и слугинките Мои ќе излеам од Мојот Дух, и тие ќе пророкуваат.

19. И ќе покажам чудеса на небесата и знаци долу на земјата – крв, и оган, и чад.

20. Сонцето ќе се претвори во темнина, а месечината во крв, и тоа уште пред да настапи големиот и славен ден Гос­по­дов.

21. И тогаш, секој што ќе го повика името Господово, ќе се спаси.‘

22. Луѓе Израилци, слушнете ги овие зборови: Исус од Назарет, Човекот пос­ве­дочен пред вас од Бога со сили, чу­де­са и знаци, кои, како што и сами знаете, ги направи Бог преку Него,

23. предаден по определениот Божји план и предзнаење, вие Го фативте, Го распнавте со рацете на беззакониците и Го убивте.

24. Но Бог Го воскресна, откако Го ос­лободи од смртните маки, бидејќи смртта немаше сила да Го задржи.

25. Зашто Давид за Него вели: ‚Се­ко­гаш Го гледав Господа пред себе. Тој е од мојата десна страна, за да не се по­местам.

26. Затоа се развесели срцето мое и се возрадува јазикот мој; а уште и телото мое ќе почива во надеж;

27. зашто Ти нема да ја оставиш ду­ша­та моја во Адот, ниту, пак, ќе дозволиш Твојот праведник да види распаѓање.

28. Ти си ми ги покажал патиштата на животот; Ти ќе ме исполниш со радост преку лицето Свое.‘

29. Мажи браќа, нека ми е дозволено да ви зборувам слободно за прататкото Давид, дека тој умре и беше погребан, а гробот негов е меѓу нас сѐ до денеш­ни­ов ден.

30. Па, бидејќи беше пророк и знаејќи дека Бог му беше ветил со заклетва де­ка ќе Го подигне Христос од плодот на не­го­вите бедра на престолот Свој,

Дела 2