Дела 19:36-38 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

36. Штом е тоа, пак, неспорно, вие тре­ба да бидете мирни и да не правите ништо непромислено.

37. А вие сте ги довеле овие луѓе, кои ниту храмот на Артемида го ограбиле, ниту, пак, божицата ваша ја хулат.

38. Ако, пак, Димитриј и занаетчиите, што се со него, имаат нешто против некого, за тоа постојат судски собири, а има и проконзули: нека се тужат едни со други.

Дела 19