Дела 19:29-32 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

29. И целиот град се побуни; едно­душ­но се втрчаа во театарот, влечејќи ги со себе Македонците Гај и Аристарх, Пав­ловите сопатници.

30. А кога Павле сакаше да влезе меѓу народот, учениците не го пуштија.

31. Исто така и некои од азиските на­чал­ници, бидејќи му беа пријатели, ис­пратија кај него и го молеа да не се појавува во театарот.

32. И така, едни извикуваа едно, други – друго; зашто меѓу насобраните вла­дееше безредие, и повеќето од нив не знаеја за што се беше собрал народот.

Дела 19