Дела 19:28-40 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

28. Кога го слушнаа тоа, се исполнија со гнев, и почнаа да извикуваат велејќи: „Велика е Артемида Ефеска!“

29. И целиот град се побуни; едно­душ­но се втрчаа во театарот, влечејќи ги со себе Македонците Гај и Аристарх, Пав­ловите сопатници.

30. А кога Павле сакаше да влезе меѓу народот, учениците не го пуштија.

31. Исто така и некои од азиските на­чал­ници, бидејќи му беа пријатели, ис­пратија кај него и го молеа да не се појавува во театарот.

32. И така, едни извикуваа едно, други – друго; зашто меѓу насобраните вла­дееше безредие, и повеќето од нив не знаеја за што се беше собрал народот.

33. По предлог на Јудејците беше из­ви­кан меѓу народот Александар. Алек­сан­дар даде знак со рака, сакајќи да одржи одбрамбен говор пред народот.

34. Но кога дознаа дека е Јудеец, сите извикаа во еден глас и почнаа да викаат околу два часа: „Велика е Артемида Ефеска!“

35. А градскиот писар, кога го смири народот, рече: „Луѓе ефесци, кој човек не знае дека градот Ефес е чувар на ве­ликата божица Артемида и нејзиниот кип паднат од небото?

36. Штом е тоа, пак, неспорно, вие тре­ба да бидете мирни и да не правите ништо непромислено.

37. А вие сте ги довеле овие луѓе, кои ниту храмот на Артемида го ограбиле, ниту, пак, божицата ваша ја хулат.

38. Ако, пак, Димитриј и занаетчиите, што се со него, имаат нешто против некого, за тоа постојат судски собири, а има и проконзули: нека се тужат едни со други.

39. Ако, пак, нешто друго барате, тоа ќе биде решено во законското собрание.

40. Зашто постои опасност да бидеме обвинети за бунт поради денешнава ра­бота, бидејќи нема никаква причина, со која можеме да го оправдаме овој со­бир.“ Штом го рече тоа, го распушти собирот.

Дела 19