Дела 19:13-24 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

13. Некои, пак, од Јудејците кои лутаа наоколу и ги истеруваа злите духови, се обидоа да го повикаат името на Господ Исуса над оние кои беа обземени со де­мони, и велеа: „Ве заколнуваме во Исус, Кого Го проповеда Павле!“

14. Тоа го правеа седумте синови на јудејскиот првосвештеник Скева.

15. А лошиот дух одговори и рече: „Исус Го познавам и Павле го знам; но кои сте вие?“

16. И скокна на нив човекот, во кого имаше лош дух, и, откако ги совлада, покажа против нив таква сила, што тие, го­ли и ранети, побегнаа од таа куќа.

17. За тоа разбраа сите Јудејци и Ели­ни, кои живееја во Ефес, и сите нив ги спопадна страв; и името на Господа Исуса се величаше.

18. И многумина од верниците доаѓаа, та се исповедуваа и ги откриваа своите дела.

19. А мнозина од оние, кои правеа ма­гии, собирајќи ги книгите свои, ги гореа пред сите; дури ја пресметаа и нивната цена и најдоа дека чинат до педесет ил­јади сребреници.

20. Така моќно растеше и се засилува­ше словото Господово.

21. А кога се сврши тоа, Павле науми, откако ќе ја мине Македонија и Ахаја, да оди во Ерусалим, па рече: „Штом ќе бидам таму, ќе треба да го видам Рим.“

22. И прати во Македонија двајца свои прислужници – Тимотеј и Ераст, а сам остана извесно време во Азија.

23. Во тоа време се создаде голем бунт против патот Господов:

24. некој си златар, по име Димитриј, кој правеше сребрени храмови за Арте­мида и на занаетчиите им овоз­мо­жу­ва­ше со тоа не мала заработувачка,

Дела 19