7. И штом замина оттаму, дојде слугата на некој си човек по име Титиј Јуст, кој Го почитуваше Бога, и чија куќа беше до синагогата.
8. А Крисп, началник на синагогата, поверува во Господ заедно со целиот свој дом; и мнозина Коринтјани, слушајќи го Павле, поверуваа и беа крстени.
9. И му рече Господ на Павле во видение ноќе: „Не плаши се, туку продолжи да зборуваш и не замолкнувај,
10. зашто Јас сум со тебе, и никој не ќе посегне да ти направи зло, бидејќи имам многу народ во овој град.“
11. Тој остана таму една година и шест месеци и ги поучуваше во словото Божјо.
12. А кога Галион беше намесник во Ахаја, Јудејците еднодушно го нападнаа Павле и го одведоа на суд,
13. велејќи: тој ги учи луѓето да Го почитуваат Бога спротивно на Законот.
14. И кога Павле сакаше да одговори, Галион им рече на Јудејците: „Јудејци, ако имаше некоја неправда или зло дело, лукаво, веднаш ќе ве ислушав по должност;
15. но, штом е препирката за учење и за имиња, и за вашиот Закон, разгледајте сами, зашто јас не сакам да бидам судија во тие работи.“