Дела 17:30-34 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

30. Бог, пак, не осврнувајќи се на вре­мињата на незнаење, сега редум им заповеда на сите луѓе да се покаат,

31. зашто определи ден кога праведно ќе му суди на светот преку одредениот од Него Човек, откако ги увери сите со Неговото воскресение од мртвите.“

32. Кога чуја за воскресението од мрт­вите, едни се насмеаја, а други рекоа: „Другпат сакаме да послушаме за тоа.“

33. И тогаш Павле си отиде од нив.

34. А некои луѓе се присоединија кон него и поверуваа. Меѓу нив беше Ди­они­сиј Ареопагит и една жена, по име Дамара, и други со нив.

Дела 17