Дела 17:21-29 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

21. А, пак, сите атињани, како и ту­ѓин­ците, кои живееја кај нив, во ништо друго не сакаа да го поминуваат времето освен во тоа да зборуваат или да слу­шаат за нешто ново.

22. Тогаш Павле застана сред Аре­опа­гот и рече: „Луѓе атињани, по сѐ гледам дека сте побожни.

23. Зашто, кога минував и ги разгледував светилиштата ваши, најдов и жрт­ве­ник, на кој беше напишано: ‚На непознатиот Бог.‘ За Него, пак, Кого вие не Го знаете, а Кого Го почитувате, за Не­го јас ви проповедам.

24. Бог, Кој го создаде светов и сѐ, што е во него; Тој, Кој е Господ на небото и на земјата, не живее во ракотворени храмови,

25. ниту, пак, прима служба од човечки раце како да има потреба од нешто, но Сам на сите им дава живот, здив и сѐ.

26. Од една крв го создаде сиот род човечки за да живее по целото лице на земјата, откако утврди предопределени времиња и граници на нивните живе­алишта,

27. за да Го бараат Господа, та да би можеле некако да Го насетат и најдат, иако Тој не е далеку од секого меѓу нас:

28. зашто ние преку Него живееме, се движиме и постоиме, како што рекле и некои од вашите стихотворци: ,Негов род сме.‘

29. И така, бидејќи род Божји сме, не треба да мислиме дека Божеството при­ле­га на злато, или сребро, или камена творба што излегла од човечки ум и из­мислица.

Дела 17