4. И додека минуваа низ градовите, тие им порачуваа на верните да пазат на одредбите, определени од апостолите и старешините во Ерусалим.
5. И така, црквите се утврдуваа во верата, а и по број се зголемуваа секој ден.
6. Така тие ги преминаа Фригија и Галатискиот крај, зашто ним не им беше допуштено од Светиот Дух да го проповедаат словото во Азија.
7. А кога дојдоа во Мизија, се обидоа да отидат во Витинија; но Духот на Исус не ги пушти.
8. И кога ја напуштија Мизија, тие слегоа во Троада.
9. Преку ноќта Павле имаше видение: стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше: „Дојди во Македонија и помогни ни!“
10. По тоа видение веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи сфативме дека Господ нѐ повикал таму да го разгласуваме Евангелието.
11. И така, откако отпловивме од Троада, стигнавме право во Самотраки, а утредента – во Неапол,