35. Павле, пак, и Варнава се задржаа во Антиохија, поучувајќи и благовестувајќи го словото Господово заедно со мнозина други.
36. По некое време Павле му рече на Варнава: „Да појдеме пак во сите градови, каде што го проповедавме словото Господово за да ги видиме како живеат.“
37. Варнава предложи да го земат со себе и Јован, наречен Марко.
38. Но Павле сметаше дека не доликува да го земат со себе оној, што се беше одделил од нив во Памфилија и не беше пошол со нив по работата, за која беа пратени.
39. Поради тоа дојде до жестока расправија, така што тие се разделија еден од друг; и Варнава, откако го зеде Марко, отплови за Кипар;
40. а Павле, пак, го избра Сила и замина, од браќата предаден на Божјата благодат.
41. И, минувајќи низ Сирија и Киликија, ги утврдуваше црквите.