Дела 15:32-41 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

32. Јуда, пак, и Сила, кои и самите беа пророци, со многу зборови ги утешија браќата и ги поткрепија.

33. Откако престојуваа таму некое вре­ме ги пуштија браќата со мир кај оние што ги испратија.

34. Сила одлучи да остане, а само Јуда замина.

35. Павле, пак, и Варнава се задржаа во Антиохија, поучувајќи и благовестувај­ќи го словото Господово заедно со мно­зина други.

36. По некое време Павле му рече на Варнава: „Да појдеме пак во сите гра­до­ви, каде што го проповедавме словото Господово за да ги видиме како жи­веат.“

37. Варнава предложи да го земат со себе и Јован, наречен Марко.

38. Но Павле сметаше дека не доликува да го земат со себе оној, што се беше одделил од нив во Памфилија и не беше пошол со нив по работата, за која беа пратени.

39. Поради тоа дојде до жестока расправија, така што тие се разделија еден од друг; и Варнава, откако го зеде Марко, отплови за Кипар;

40. а Павле, пак, го избра Сила и замина, од браќата предаден на Божјата бла­годат.

41. И, минувајќи низ Сирија и Ки­ли­ки­ја, ги утврдуваше црквите.

Дела 15