Дела 15:25-41 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

25. Затоа, откако се собравме, едно­душно одлучивме да избереме луѓе и да ги пратиме кај вас заедно со нашите омилени Варнава и Павле,

26. луѓе, кои ги предадоа душите свои за името на нашиот Господ Исус Хрис­тос.

27. И така, ние ви ги пративме Јуда и Сила, кои ќе ви го кажат тоа и усмено.

28. Зашто Светиот Дух и ние од­лу­чив­ме да не ви ставаме на вас никаков друг товар, освен она што е потребно:

29. да се воздржувате од месо принесе­но како жртва на идоли, од крв, од уда­вено, и од блудство и да не му правите на друг она што не сакате и вам да ви се случи. Ако внимавате на ова, добро ќе направите. Бидете здрави!“

30. И така испратени, тие дојдоа во Антиохија и кога го собраа народот, му го предадоа посланието.

31. А кога го прочитаа, се зарадуваа поради утешниот збор.

32. Јуда, пак, и Сила, кои и самите беа пророци, со многу зборови ги утешија браќата и ги поткрепија.

33. Откако престојуваа таму некое вре­ме ги пуштија браќата со мир кај оние што ги испратија.

34. Сила одлучи да остане, а само Јуда замина.

35. Павле, пак, и Варнава се задржаа во Антиохија, поучувајќи и благовестувај­ќи го словото Господово заедно со мно­зина други.

36. По некое време Павле му рече на Варнава: „Да појдеме пак во сите гра­до­ви, каде што го проповедавме словото Господово за да ги видиме како жи­веат.“

37. Варнава предложи да го земат со себе и Јован, наречен Марко.

38. Но Павле сметаше дека не доликува да го земат со себе оној, што се беше одделил од нив во Памфилија и не беше пошол со нив по работата, за која беа пратени.

39. Поради тоа дојде до жестока расправија, така што тие се разделија еден од друг; и Варнава, откако го зеде Марко, отплови за Кипар;

40. а Павле, пак, го избра Сила и замина, од браќата предаден на Божјата бла­годат.

41. И, минувајќи низ Сирија и Ки­ли­ки­ја, ги утврдуваше црквите.

Дела 15