Дела 15:12-24 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

12. Тогаш замолкна сето мноштво и го слушаа Варнава и Павле, кои при­кажуваа какви знаци и чудеса направил Бог преку нив меѓу незнабошците.

13. А кога тие престанаа, тогаш проз­бо­ре Јаков и рече: „Мажи браќа, слуш­нете ме!

14. Симон изложи како Бог најнапред ги посети незнабошците, за да избере од нив народ за Неговото име;

15. и со тоа се согласуваат и зборовите на Пророците како што е напишано:

16. ‚И потоа ќе се вратам и пак ќе го подигнам паднатиот дом на Давид, и не­говите урнатини ќе ги поправам и ќе го издигнам,

17. за да Го побараат Господа и другите луѓе и сите народи, кои се наречени со Моето име.‘ Така вели Господ, Кој го прави сето ова.

18. Познати Му се на Бога сите Негови дела од создавањето на светов.

19. Затоа јас мислам дека не треба да им прават мачнотии на незнабошците, кои се обраќаат кон Бога,

20. туку да им се заповеда да се воз­др­жуваат од идолски жртви, од блудство, од удавено и од крв, (и да не му прават на друг ништо, што ним не им е угодно).

21. Зашто Мојсеј уште од старо време во секој град има луѓе, кои го про­по­ве­даат, бидејќи го читаат по синагогите секоја сабота.“

22. Тогаш апостолите и старешините заедно со целата Црква одлучија да ги изберат меѓу себе Јуда, наречен Вар­нава, и Сила, истакнати мажи меѓу бра­ќата, и заедно со Павле и Варнава да ги пратат во Антиохија.

23. И со своите раце им го напишаа следново писмо: „Апостолите, свеш­те­ниците и браќата ги поздравуваат бра­ќата од нееврејските народи што се во Антиохија и Сирија и Киликија.

24. Сме слушнале дека некои од нас, на кои ништо не сме им заповедале со збо­рови, ве вознемириле, и ги потресле ду­шите ваши, велејќи ви да се обрезувате и да го пазите Законот.

Дела 15