9. Тој слушаше додека Павле зборуваше; а Павле, го впери во него погледот и виде дека во него има вера дека може да оздрави,
10. па му рече со висок глас: „Тебе ти велам, во името на Господа Исуса Христа: исправи се на нозете свои!“ И тој скокна и почна да оди.
11. А луѓето, кога видоа што направи Павле, го подигнаа гласот свој и извикаа на ликаонски: „Боговите слегле кај нас во човечки лик!“
12. И Варнава го нарекоа Зевс, а Павле Хермес, бидејќи тој го водеше зборот.
13. Жрецот, пак, на Зевс, чиј кип се наоѓаше пред новиот град, откако доведе јунци и венци пред портата, сакаше заедно со народот да принесе жртва.