Дела 14:6-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

6. тие, штом разбраа, се засолнија во ликаонските градови Листра и Дерва и во нивната околина.

7. Таму почнаа да го проповедаат Евангелието.

8. Во Листра седеше еден човек, не­мо­ќен во нозете. Тој бил сакат од мај­чи­на­та утроба, не можел да оди никогаш.

9. Тој слушаше додека Павле зборува­ше; а Павле, го впери во него погледот и виде дека во него има вера дека може да оздрави,

10. па му рече со висок глас: „Тебе ти велам, во името на Господа Исуса Хрис­та: исправи се на нозете свои!“ И тој скокна и почна да оди.

11. А луѓето, кога видоа што направи Павле, го подигнаа гласот свој и из­ви­каа на ликаонски: „Боговите слегле кај нас во човечки лик!“

12. И Варнава го нарекоа Зевс, а Павле Хермес, бидејќи тој го водеше зборот.

13. Жрецот, пак, на Зевс, чиј кип се наоѓаше пред новиот град, откако до­ве­де јунци и венци пред портата, сакаше заедно со народот да принесе жртва.

14. Но апостолите Варнава и Павле, кога слушнаа за тоа, ги раскинаа своите облеки, се втурнаа меѓу народот, гласно викајќи:

Дела 14