1. Во Иконија тие заедно влегоа во јудејската синагога, и зборуваа така, што мнозина Јудејци и Елини поверуваа.
2. А Јудејците, што не поверуваа, ги побунија и раздразнија духовите на незнабошците против браќата.
3. Но тие сепак останаа тука доста време и смело говореа за Господ, Кој сведочеше за словото на Својата благодат, давајќи преку нивните раце да стануваат знаци и чуда.
4. А народот во градот се раздели: едни беа со Јудејците, а други со апостолите.