Дела 13:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Во Антиохиската црква имаше некои пророци и учители: Вар­нава, Симеон, наречен Нигер, Луциј Киринеецот и Манаин, кој беше воспитан заедно со Ирод четворовласникот, и Савле.

2. Еднаш кога Му служеа на Господ и постеа, Духот Свети рече: „Одвојте ми ги Варнава и Савле за дело, за кое ги повикав!“

3. Тогаш тие, откако постеа и се по­мо­лија, положија раце над нив и ги пуш­ти­ја.

Дела 13