16. Петар, пак, постојано чукаше. А кога му отворија, го видоа и се зачудија многу.
17. Тој им мавна со раката да молчат, а потоа им раскажа како Господ го извел од затворот, и рече: „Соопштете му за ова на Јаков и на браќата!“ Потоа излезе и отиде на друго место.
18. Утредента меѓу војниците настана голема вознемиреност поради тоа што се случило со Петар.
19. А Ирод, кој испрати потера по него, но не успеа да го пронајде, откако ги испита стражарите, заповеда да ги погубат. Потоа тој слезе од Јудеја во Кесарија, и таму се задржа.
20. Ирод беше гневен на Тирците и Сидонците. Но тие, бидејќи нивните земји добиваа храна од неговото царство, се договорија и дојдоа кај него еднодушни, и откако го придобија на своја страна Власта, царевиот собар, побараа мир.