6. Тој престојува таму како гостин кај некој си кожар Симон, чија куќа се наоѓа покрај морето. Тој ќе ти каже зборови преку кои ќе се спасиш ти и целиот твој дом.“
7. Кога си отиде ангелот што му зборуваше, Корнилиј повика двајца од своите слуги и еден благочестив војник, кои постојано се наоѓаа кај него;
8. па, откако им кажа сѐ, ги прати во Јопија.
9. Утредента, додека тие патуваа и наближуваа до градот, Петар околу шестиот час се качи на рамниот покрив од куќата да се помоли.
10. И бидејќи беше огладнел, сакаше нешто да јаде; а додека му приготвуваа, тој падна во занес,
11. и го виде небото отворено и некаков сад како слегува кон него, сличен на некое големо платниште, врзано за четирите краишта, и се спушташе на земјата.
12. Во него имаше секакви четириножни животни, ѕверови, влекачи земни и птици небески.
13. И дојде глас кон него: „Петре, стани, заколи и јади!“
14. А Петар рече: „Никако, Господи, зашто никогаш не сум јадел погано или нечисто.“
15. И повторно дојде глас кон него: „Она што Бог го очистил, ти не го сметај за нечисто!“
16. Тоа се повтори трипати, а садот пак се крена кон небото.
17. И додека Петар беше во недоумица што значи тоа видение што го виде, ете ги луѓето, испратени од Корнилиј, кои откако се распрашаа и го најдоа домот на Симон, застанаа пред портата.