Дела 1:8-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

8. но ќе примите сила од Светиот Дух, Кој ќе слезе на вас и ќе Ми бидете све­до­ци во Ерусалим и во цела Јудеја и Са­марија, и сѐ до крајот на земјата.“

9. И штом го рече тоа, додека тие Го гледаа Тој се подигна, и облак Го под­зе­де од пред очите нивни.

10. И како што гледаа кон небото додека Тој се вознесуваше, одеднаш пред нив застанаа двајца мажи во бела облека,

11. и рекоа: „Луѓе Галилејци, што сто­ите и гледате кон небото? Овој Исус, Кој од вас се вознесе на небото, ќе дојде пак на истиот начин како што Го видов­те да оди на небото.“

12. Тогаш тие се вратија во Ерусалим од планината, наречена Маслинова, која се наоѓа близу до Ерусалим, колку еден саботен ден одење.

13. И кога дојдоа, се искачија во горната одаја, каде што престојуваа Петар и Јаков, Јован и Андреј, Филип и Тома, Вартоломеј и Матеј, Јаков Алфеев и Симон Зилот и Јуда Јаковов.

14. Тие сите еднодушно беа постојано во молитва и молење заедно со некои жени и со Марија, мајката на Исус, и со браќата Негови.

15. И во тие дни Петар стана меѓу бра­ќата, а беа се собрале околу сто и дваесет души и рече:

16. „Мажи браќа! Требаше да се исполни напишаното што го беше претска­жал Светиот Дух преку устата Да­ви­до­ва за Јуда, водачот на оние што Го фа­тија Исуса,

17. зашто тој беше вброен меѓу нас и беше примил дел од оваа служба;

18. но со неправедна награда тој стекна нива и, откако падна ничкум, прсна по средината, и се истури целата негова утроба.

19. И тоа им стана познато на сите жители во Ерусалим дека таа нива се нарече на нивниот јазик Акелдама, што значи „крвна нива“.

20. Зашто во книгата на Псалмите е напишано: ‚Домот негов да запусти и никој во него да не живее, епископството негово друг да го прими.‘

21. И така, еден од оние луѓе што беа со нас за сето време, откако дојде и си замина од нас Господ Исус,

22. почнувајќи од крштевањето Јо­ва­ново па до денот кога се вознесе од нас, треба да биде сведок со нас за Неговото воскресение.“

Дела 1