9. Погрижи се да дојдеш кај мене скоро!
10. Зашто Димас ме остави, бидејќи го засака сегашниот свет, и отиде во Солун; Крискент – во Галатија, Тит – во Далмација. Само Лука е со мене.
11. Земи го Марко и доведи го со себе, зашто ми е нужен во службата!
12. А Тихик го пратив во Ефес.
13. Кога ќе дојдеш, донеси ја наметката што ја оставив во Троада, кај Карп и книгите, а особено пергаментите.
14. Ковачот Александар ми направи големо зло. Ќе му врати Господ според делата негови!
15. Од него пази се и ти, бидејќи тој необично многу се воспротиви на нашите зборови!
16. При мојата прва одбрана никого немаше кај мене: сите ме оставија. Нека не им се прими за грев!
17. Но Господ беше со мене и ме закрепна, та преку мене да се утврди Благовестието и да чујат сите незнабошци; и јас се избавив од устата на лавот.