8. И така, не срамувај се од сведочењето за нашиот Господ Исус Христос, ниту од мене, затвореникот за Него, туку стани соучесник во страдањата за Евангелието Христово по силата на Бога,
9. Кој нѐ спаси и нѐ повика кон свето звање, не поради нашите дела, туку по Својата добра волја и благодатта, што ни е дадена во Христос Исус пред вечни времиња,
10. а откриена сега со јавувањето на нашиот Спасител Исус Христос, Кој ја уништи смртта и го осветли животот и нераспадливоста преку Евангелието,
11. за кое сум поставен како проповедник, апостол и учител на незнабошците.
12. Затоа и го трпам тоа; но не се срамувам, зашто знам во Кого сум поверувал и уверен сум дека Тој е моќен мојот залог да го запази за оној ден.