2 Солуњаните 1:4-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

4. така што ние самите се фалиме со вас во Божјите цркви за вашето трпение и вера и покрај сите прогони и ма­ки, што ги поднесувате:

5. тоа е доказ за праведниот Божји суд дека вие ќе се удостоите со царството Божјо за кое страдате.

6. Бидејќи справедливо е пред Бога да им ги врати маките ваши на оние што ве мачеа,

7. а вам, на мачените, да ви возврати спокојство заедно со нас, кога Господ Исус ќе се јави од небото со ангелите на Својата сила,

8. во распламнат оган да им се одмаз­ду­­ва на оние кои не Го познаваат Бога, кои не го послушаа Евангелието на на­шиот Господ Исус Христос.

2 Солуњаните 1