5. и кога не го поштеди првиот свет, туку, кога нанесе потоп врз безбожниот свет, го запази само осумчленото семејство на Ное, проповедникот на правдата;
6. и градовите Содом и Гомора ги осуди на разурнување и ги претвори во пепел, оставајќи ги како пример на идните безбожници,
7. а го избави праведниот Лот, кого го осрамотија беззакониците со нечистиот живот.
8. Зашто, кога живееше праведникот меѓу нив, гледајќи ги и слушајќи ги беззаконските дела, тој секојдневно ја измачуваше својата праведна душа;
9. значи Господ знае како да ги избавува побожните од искушенија, а неправедните да ги држи во маки за судниот ден;
10. а најмногу оние што се управуваат според телото во неговите гнасни похоти, кои ја презираат власта, дрски се, горди и не се плашат да хулат на власта,
11. но дури ни ангелите, кои се поснажни и посилни од нив, не изговараат за нив хула пред Господ.