3. Бидејќи Неговата божествена сила ни подари сѐ што е потребно за животот и побожноста, а преку познанието на Оној Кој нѐ повика со Својата слава и совршенство,
4. преку кои ни се дарувани многу големи и драгосени ветувања, та преку нив да станете учесници во Божјата природа ако се оддалечите од гнилежот на овој свет;
5. затоа, грижејќи се за ова сестрано, принесете кон верата своја добродетел, а кон добродетелта знаење,
6. кон знаењето воздржување, кон воздржувањето трпение, кон трпението побожност,